ПИОМ го продава хотелот во Битола

by fokus

Фондот на пензиско и инвалидско осигурување го продава хотелот „Борец“ во Битола. Почетната цена за хотелот е утврдена на 1,4 милиони евра,а според објавата на ПИОМ, хотелот ќе се продава преку јавно наддавање.

Инаку, последниот извештај за работата на ПИОМ, кој беше објавен денеска, покажува дека дупката во Фондот продолжува да се зголемува.

За редовна исплата на пензии ПИОМ прво се позајмувал па потоа се раздолжувал. Лани дури 41 отсто од трансферите биле преку државниот буџет.

Во 2017 година пак,  предвидено да се префрлат дури 832 милиони евра од буџетот за покривање на дефицитот.

Инаку, неодамна и Светка Банка и Меѓународниот монетарен фонд алармираа дека македонскиот пензиски фонд е ризичен и неодржлив на долг рок.

Поврзани новости