ПЦЕР: Ќе бидеме дел од новата власт со СДСМ

by fokus

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) ги демантира пишувањата на одредени медиуми дека партијата се распаднала.

-ПЦЕР е стабилна партија и осум години е во опозиција. Нејзините членовите не се ненормални на 30 дена од изборите да одат во некоја друга партија кога ние ќе бидеме дел од новата власт. Стекнатиот имот на Шабан Салиу и другите лидери во коалиција ќе бидат на проверка, се вели во партиската реакција.

Провладините медиуми пишуваа дека членовите на ПЦЕР преминале во партијата на Шабан Салиу кој е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости