Согласно реакциите на јавноста по јавната објава на социјалните мрежи од страна на психолог Јове Хаџиевски,Комората на Психолози по одржаниот итен состанок на Управен Одбор утврди дека на психологот Ј.Х. му е истечена важноста на Лиценцата од 15.02.2018 год, за истата нема поднесено Барање за Обнова на лиценцата и со тоа не е член на Комората.
Голем број од психолозите во државава вршат психолошка дејност без лиценца.
Телата на Комората немаат надлежност да поведат постапка за запазување на етичноста во постапките на Психолози кои не се лиценцирани.
-Очекуваме наскоро надлежните институции да ја усогласат законската регулатива со Законот за вршење на психолошка дејност. Со тоа ќе се овозможи сите психолози кои вршат психолошка дејност на територијата на нашава држава да бидат лиценцирани членови на Комората и да се воспостави Единствен Регистар на Психолози кои вршат психолошка дејност. Со тоа, согласно Законот за вршење на психолошка дејност ќе се обезбеди Комората да воспостави надзор врз вршењето на психолошка дејност и професионалната психолошка етика.
Нелиценцираните психолози, согласно Законот за вршење на психолошка дејност, не смеат да вршат психолошка дејност, ниту во државни институции, ниту во приватни организации“-информираат од Комора на психолози.
Јове Хаџиевски пред неколку дена објави навредлив статус за премиерот Зоран Заев, но пред сѐ за децата со Даунов синдром.