Пендаровски: Разбирам дека Силјановска имаше неколку незгодни ситуации и гафови, но бегање од интервјуа не е во ред

by fokus

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва објави дека е разочаран од постапката на неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова да не се појави на дебатата „Жешко столче“ на телевизија Телма.

-Навистина се разочарав кога слушнав дека мојата против кандидатка Силјановска не се појавила на дебатата „Жешко столче“ на телевизија Телма. Верував дека барем во однос на дебатите ќе покаже различна политичка култура од онаа ВМРО-ДПМНЕ, култура на бегање од јавни соочувања со критички настроени новинари.
Разбирам дека во изминатите денови колешката имаше неколку незгодни ситуации и гафови, но бегање од интервјуа не е во ред. Јас од друга страна ја прифатив оваа дебата и може да го погледнете моето гостување. Ветувам дека и како претседател ќе бидам секогаш достапен за медиумите и граѓаните, напиша Пендаровски.

 

Поврзани новости