Психијатрите ја демантираат СДСМ

by Фокус

Психијатриското здружение на Македонија денеска излезе со реакција против опозицискиот СДСМ, од каде тврдеа дека отворањето на 36 центри за лекување од депресија упатува на нервозен обид на власта, да се ослободи од одговорноста, до каде ги донесе граѓаните, а од друга страна, здружението се стави во одбрана на министерството за здравство, слободно да се спроведе овој проект, бидејќи според нив, до 2020 година се очекува депресијата да биде на второ место по зачестеност меѓу сите заболувања.

– Кога се зборува за депресијата како психијатриски ентитет мора како прво да се истакне дека станува збор за болест која е универзално присутна насекаде во светот, како во најбогатите  така и најсиромашните земји.  Во врска со третманот на депресијата од круцијална важност е нејзиното рано препознавање и дијагностицирање, бидејќи нејзиното долго опстојување без адекватен третман води до многу сериозни трајни последици.Во светски размери, па и во Македонија за жал огромен е бројот на воопшто не дијагностицирани и нетретирани депресии – се наведува во соопштението на Здружението, под раководна палка на доктор Димитар Боневски.

Тие го подржуваат проектот на ресорното министерство за отварање на регионални центри за рано препознавање и третман на депресијата.

– Тоа е во правец на следење на модерните текови и пристапи во третирањето на депресијата. Секое политизирање на оваа иницијатива на било кој начин е против интересите на пациентите и заедницата во целина. Истапувањата од типот на ваквата пресконференција кои не се засноваат на медицински аргументирани факти можат само да наштетат на суштинско позитивни идеи во здравството, во конкретниов случај во психијатријата.  Подигнување на нивото на менталното здравје е единствена, трајна и суштинска определба на Психијатриското здружение на Македонија. Иницијативата на Министерството за здравство е  во  целост подржано и во координација со нашето здужение. Сметаме дека тоа е вистински начин за дестигматизација на депресијата, приближување на  менталноздравствените сервиси до граѓаните со што правовремено и со соодветен и компетентен третман ќе се намалат последиците од ова сериозно заболување – се наведува понатму во соопштението.

 

Поврзани новости