Порталот „Журнал“ дигна раце од парите на Општина Чаир

by Фокус

Интернет медиумот „Журнал одлучи на Општина Чаир да ѝ го прости долгот за рекламирање и за огласување. По многу обиди во текот на цела една годна, за наплата компанијата одлучила да ја амнестира општината и нејзиниот челник Изет Меџити за долгот .

– „Журнал“ е свесен за тешката финансиска состојба на општините, но дека Чаир кој никогаш не бил наведен за финански пробеми, нема да биде во можност да исплати долг стар повеќе од една година, ова едноставно е за неверување. Дури и за сожалување! Општина Чаир или е за сожалување и нема средства, или нема волја да го подмири долгот. Затоа, „Журнал“ одлучи средствата кои ги должат Чаир и г-Меџити да ги намени за акцијата „Чаир без отпадоци“. Оттука го повикуваме јавно Меџити средстава кои му ги должи на нашата компанија да ги пренамени за почиста средина и за поуредни улици, кои во денови на дожд и невреме се претвораат во реки – се вели во денешната реакција на медиумот.

Поврзани новости