967
Откако пред четири години се појави филмот „Жешката пица на госпоѓа Мица“, македонската порноиндустрија буквално експлодира. Во овој период се појавија наслови како „Среќна Нова 69-та“, „Наведни се Делфина“, „Солунските вибратори“ и „До ејакулацијата и по неа“, а во постпродукција се уште неколку порнофилмови.
Љубителите на филмовите за возрасни наскоро ќе може да ги погледнат и насловите „Бело семе“, „Републиката во кревет“, „Немирно лето“ и алтернативните верзии на филмовите „До балчак“ и „Црвениот коњ“.
Како што дознаваме, се подготвуваат и сценаријата за филмовите „Пред тушот“ и „Вал-кан-кан“.