Законските измени за укинување на пржинска влада ќе почекаат Собранието да расправа за нив, бидејќи, како што истакна претседателот на Собранието Талат Џафери, предлогот не е на дневен ред бидејќи се уште не е преведен и доставен до пратениците.
-Во догледно време сметам дека другите партии ќе се приклучат за да има консензус и предлогот да не биде предложен еднострано. Во координација ќе се разговара и другите координатори да се приклучат на предлог законот – рече Џафери.
Претходно, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, побара спикерот да го дополни дневниот ред со нивниот Предлог законот за измени на Законот за Влада за укинување на таканаречената пржинска влада.
-Со предлог законот се тргаат одредбите кои се однесуваат на функционирањето на пржинската влада. Ова произлезе од зaедничките разговори на лидерите Христијан Мицкоски и тогаш Зоран Заев и по изјаснувањето на СДСМ дека пржинската влада е нефункционална. Затоа бараме да се вратат уставните рокови за избори од 45 до 60 дена – рече Мицевски.
Џафери, пак, возврати дека не постои рок од 45 дена за избори освен за избор на претседател на држава ако предвреме му се прекине мандатаот. Тој додаде дека предвремени избори се оддржуваат во рок од 60 дена, што е во надлежност на ДИК.