Данска планира да ги укине сите ковид-мерки во наредните неколку дена

by Fokus

Данска планира следната недела да ги укине сите преостанати ограничувања против Ковид-19, откако слична најава имаа Велика Британија и Холандија минатата недела, и покрај големиот број на заразени со омикрон во Европа.

Земјата веќе ги олесни ограничувањата пред две недели, по едномесечното заклучување им дозволи повторно отворање на кината и концертните сали. Сепак, остануваат некои правила, како ограниченото работење на рестораните и задолжителното носење маски.

Поврзани новости