Прво парични казни, па бркање од домот за студентите кои ќе продолжат да фрлаат ѓубре од прозорите на „Пелагонија“

by fokus

Ѓубрето под прозорците на женската зграда од студентскиот дом „Пелагонија“ го исчистиле вработените, а не студентите, потврди денеска директорот на домот, Бујар Муртезани.

Тој најави дека во иднина студентите кои ќе фрлат отпад во дворот ќе се соочат прво со опомена, потоа со парична казна, а доколку не го поправат своето однесување им се заканува и бркање од домот.

-Јас и службите сме во редовна комуникација со студентите. Грдата слика ги нарушува имиџот на домот. Ќе биде поставен видео надзор и ќе има санкции. Сите студенти посовесно да се однесуваат – изјави Муртезани.

На прес конференцијата пред домот изјава даде и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

-Грдата слика да ја исчистиме. Ова не е работа на Град Скопје. Сите општини да се грижат за јавната хигиена. Овие диви депонии ги создаваат луѓе и тие не никнуваат од земја. Отпадот да го ставаме во корпите и контејнерите. Секој од нас носи одговорност – рече тој.

Поврзани новости