Русија е задоволна, објави медицинското списание „Лансет“, посочувајќи на резултатите од две испитувања, во јуни и во јули, на вкупно 76 учесници, кои покажаа дека 100 проценти од учесниците развиле антитела кон новиот коронавирус и немаат сериозни несакани ефекти
Руската вакцина против ковид-19, „Спутник-В“, предизвика антитела кај сите учесници во раните фази на клиничките испитувања, покажаа резултатите од студијата, објавени во медицинското списание „Лансет“.
Резултатите од две испитувања, спроведени во јуни и јули годинава на вкупно 76 учесници, покажаа дека 100 проценти од учесниците развиле антитела кон новиот коронавирус и немаат сериозни несакани ефекти, пишува весникот. Според „Лансет“, Русија е задоволна.
-Двете испитувања во траење од 42 дена, во кои секоја имаше по 38 здрави возрасни лица, не покажаа сериозни негативни ефекти кај учесниците и потврдија дека кандидатите за вакцини предизвикале производство на антитела. Потребни се големи, долгорочни испитувања, вклучувајќи споредба со плацебо групата и следење, за да се утврди долгорочната безбедност и ефикасност на вакцината за превенција на ковид-19“, пишува „Лансет“.
Првите резултати од масовното испитување на руската вакцина, кое почна минатата недела, се очекуваат во октомври или во ноември. Треба да бидат опфатени 40 000 луѓе, а веќе се пријавиле 3 000.
-Со ова одговараме на сите прашања на Западот што беа уредно поставувани во последните три недели, со очигледна цел да се фрли дамка врз руската вакцина .Сега ние ќе поставуваме прашања за некои вакцини од Западот “, вели Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, државниот инвестициски фонд што го финансираше развојот на вакцините.
Коментирајќи ги резултатите од првите испитувања, водечкиот автор Наор Бар-Зеев, од Меѓународниот центар за пристап до вакцини, рече дека испитувањата биле „охрабрувачки, но мали“. Бар-Зеев истакна дека „клиничката ефикасност на која било вакцина за ковид-19 сè уште не е докажана“.