Продолжува стабилното, суво и сончево време – детали

by Fokus
Денес времето во нашата држава ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 28 степени.

И во текот на следните денови продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец додека максималните дневни температури во текот на следните денови ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости