Првиот примерок на новиот Астон Мартин ДБ12 продаден за 1,5 милиони евра на аукција во Кан

by Fokus

Судејќи според првиот продаден примерок, новиот Aston Martin би можел да биде вистински пазарен успех. DB12 го имаше своето деби во Кан за време на филмскиот фестивал, а првиот примерок беше продаден на хуманитарна аукција.

Aston Martin DB12 штотуку е претставен, а првиот примерок е веќе продаден. Ова се случи во Кан, каде за време на филмскиот фестивал се собра многу познати личности. Беше организирана хуманитарната аукција, а главен предмет на аукцијата беше новитетот на Aston.

Постигна цена од неверојатни 1,5 милиони евра, што е приближно пет пати повеќе од редовната цена. Средствата од аукцијата ќе се користат за истражување на лек за СИДА.

Поврзани новости