Нема да се затвори ниту едно одделение во болницата во Битола, тврди новата директорка Ивановска

by Fokus

Во Клиничката болница „д-р Трифун Пановски“во Битола нема да се затворни ниту еден оддел,  категорична е новата в.д директорка на бнолницата д-р Елизабета Ивановска. Таа во интервју за агенцијата МИА вели дека и покрај тешката состојба поради недостиг на кадар нема да дозволи да се затвори ниту еден оддел и ќе се бори за нови вработувања.

„Ќе се борам за вработување на персонал со кој непречено би работеле сите одделенија, а таму каде што состојбата е најалармантна, очекувам поддршка од целиот персонал во Болницата и секако од министерот за здравство“, изјави Ивановска.

Според неа во најкритична состојба се: Одделението за педијатрија каде има само три лекари, Одделението за неонатологија кое во моментов работи само со еден лекар, Инфективното одделение кое работи со еден лекар со полно работно време и еден лекар со скратено работно време, а критично е и во Одделението за урологија каде има само еден лекар.

Ивановска на оваа фунлција беше назначена неодмна, откако претходниот директор даде оставка, откако во кусо време починаа неколку пациенти за чија смрт се уште се води истрага.

„На прво место се новите вработувања на медицински кадар како медицински сестри, лекари и болничари, но и технички персонал и администрација. Најкритични се одделението за педијатрија каде има само три лекарки, одделението за неонатологија во моментов работи само со еден лекар, инфективното одделение работи со еден лекар кој има полно работно време и еден лекар со скратено работно време и затоа во ова одделение немаме хоспитални болни, критично е и со одделението за урологија каде има само еден лекар и на дежурства доаѓаат лекари од Прилеп, а за здравствена услуга од Скопје доаѓаат и лекари во одделението за неврохирургија. Сакаме да вработиме повеќе лекари и општи лекари, да ги испратиме на специјализација и исто така сакаме да го отвориме одделението за физикална медицина за хоспитални болни, бидејќи одделението за физикална медицина во моментов работи само за терапија, а ако имаме лекари ќе може да работи и физикална медицина“, вели Ивановска, која додава дека планира да реновира и дел од болницата оштетен во земјотресот. .

Поврзани новости