1
Претседателот на УЕФА -Александар Чеферин, денеска пристигна во Скопје по покана на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Ова е покана на Масар Омерагиќ, а станува збор за приватна посета од страна на првиот човек на УЕФА.
Чеферин и Омерагиќ заеднички ќе го следат и натпреварот од УЕФА Лигата на нациите меѓу Македонија и Словенија.
Двајцата функционери ги поврзува големо пријателство.
Инаку, претседателот на ФФМ, Омерагиќ денес слави роденден. Роден е во 1969 година.