Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска во просториите на Основниот суд Скопје 1 се сретна со в.д. претседателот Стојанче Рибарев, при што разговарале за „соработката“ на двете институции.
– Стојанче Рибарев во просториите на овој суд оствари средба со обвинителката Катица Јанева од Јавното обвинителство за гонење кривични дела позврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, на која средба се разговараше за актуелните прашања во врска со соработката на двете институции, информираа од судот.
Оттаму истакнуваат и дека денсека во судот се одржала и планираната посета од страна на судиите од Апелационен суд Скопје, а воедно се одржала и седница на судии на која се разгледувале резултатите од досегашното работење на судот.
-Констатирано дека и покрај зголемениот прилив на предмети во работа во последните три години, судиите при Основен суд Скопје 1 – Скопје со зголемен ангажман успеале да го намалат бројот на нерешени предмети и тоа за 10.566 предмети во однос на истиот период до 2014 година, велат од судот.
На седницата судиите дале и свои предлози за изготвувањето на Годишниот распоред за работа на судот.