Заев: Очекувам до 24 март да има нова влада ВИДЕО

by fokus 16:31
16:31

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев очекува до 24 март Македонија да добие нова реформска влада.

Тој ова го изјави по завршувањето на распитот во Јавното обвинителство каде што одговараше на новинарски прашања .

- Advertisements -

– Јас реков дека очекувам да имаме влада поради тоа што знаете дека работите не зависат само од Заев, веројатно не зависат ниту од никој поединец. Можеби зависат од сите нас политичарите заедно. Јас би сакал и на 20, на 21, на 22, дури и порано од тоа да има влада Република Македонија, но секако тоа прво значи закажување на седницата, избор на претседател на Собранието, допис до господинот Иванов, негова одлука кога ќе го даде мандатот. Јас, верувајте, како потенцијален мандатор, нема да дозволам да се трошат 20 дена за преговори за нова Влада. Ќе гледам максимално можно, доколку го добијам мандатот, да ги скратам сите овие рокови. Верувајте, јас како потенцијален мандатор нема да дозволам да се трошат 20 дена за преговори за Влада. Ќе гледам максимално можно ако го добијам мандатот да ги скратам овие рокови за да им заштедиме и на граѓаните и на Република Македонија, време, денови и период за тоа што очекувањата на сите се да има натпревар во државата по пат на дебата, дискусија и се за процеси коишто се одвиваат во Република Македонија, за добробит на државата и на граѓаните, да има една позитивна дебата, натпревар на економски проекти, на идеи и слично како и секоја нормална земја – рече Заев.

Тој истакна дека бара „час поскоро“ да почне со работа Собранието.

– Верувам дека мора да се одржи една координација претходно за да се договори составот на Комисијата за избори и именување којашто е трета точка од дневниот ред за да може навистина глатко да тече седницата којашто ќе биде предложена. Може тоа да се случи не знам денеска, може во понеделник, може во вторник, но верувам дека час поскоро треба да биде закажана седницата – додаде Заев.

Денеска генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, до Собранието во името на сите 67 пратеици поднесе иницијатива за продолжување на прекинатата конститутивна седница, на која ќе се продолжат точките кои беа прекинати, а со тоа и да се избере спикер на Собранието“, додаде лидерот на СДСМ.

 

Поврзани новости