344
Најмалку три лица загинаа како последица на поплавите по уривањето на браната Каховка во јужна Украина, јавија украинските медиуми, цитирајќи го Јевхен Рјушчук, протераниот градоначалник на градот Олешки во Херсонската област, кој е под руска окупација. „Киев Индипендент“ објави дека жртвите се удавиле.
Исто така, пробивањето на браната ќе има катастрофално влијание врз лоцирањето на мините, предупреди меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Ерик Толефсен, шеф на единицата за контаминација на оружје, предупреди дека исфрлените мини во поплавата предизвикале голема загриженост не само за жителите на Херсон, туку и за оние кои доаѓаат да помогнат.
„Знаевме каде се опасностите. Сега не знаеме. Знаеме само дека се некаде низводно“, рече тој.