Први ќе се вакцинираат здравствените работници, граѓаните над 65 години и хронично болните

by fokus 15:38
15:38

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција истакна дека веќе се обезбедени вакцини за 400.000 граѓани, појаснувајќи кои групи граѓани ќе имаат приоритет.

-Како приоритет ќе се вакцинираат сите здравствени работници, граѓаните над 65 години и хронично болните граѓани, потоа вработените во критичната инфраструктура и во транспортот, истакна министерот Филипче.

- Advertisements -

Тој истакна дека освен обезбедените 833.000 дози вакцини, кои се примаат по две дози, очекуваат да обезбедат и дополнителни дози од 800.000 вакцини директно од компаниите и уште 800.000 од земјите членки на ЕУ.

Поврзани новости