Власта безобразно ги изманипулира жителите на Аеродром дека нивните деца кои учат во училиштата во оваа скопска општина ќе добијат бесплатни униформи.
– За неполни 24 часа, родителите во општина Аеродром се уверија колку лесно и колку несовесно власта ги изманипулира. Јасно е дека децата не можат да одат во една иста облека цела недела и дека родителите се приморани да набават резервен комплет. А тоа ќе ги чини до 2 500-тини денари. Оваа предизвикува дополнителни и непланирани трошоци за родителите пред почетокот на училишната година и ново оптоварување на семејните буџети. Оваа смислена тактика на власта, под превезот бесплатни униформи, од џебовите на родителите на околу 6.000 ученици во Аеродором ќе испумпа до неверојатни 240.000 евра! – изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Аеродром.