Ставрески се сели во „паметна“ зграда

by Фокус

Од вчера Министерството за финансии е преселено во новата зграда,  „Палата 23 октомври“ која се наоѓа во строгиот центар на Скопје спорти полициската станица Беко.

Како што велат од Финансии, објектот спаѓа во групата на смарт (паметни) згради – насочена кон заштеда на енергија и заштита на околината. Во неа е сместен и современ прес-центар, како и конференциска сала каде ќе се одржуваат конференции, состаноци и дебати меѓу стручни лица за соодветни намени.

Со доградбата на овој објект е надминат проблемот што се јавувал поради користењето различни локации во кои било сместено министерството на Зоран Ставрески.

Распространет на 14.000 метри квадратни распоредени на 11 нивоа, ова е енергетски најефикасниот јавен објект во Македонија и еден од најсовремените во регионот. Вградени се најсовремени материјали за изолација, независен систем на затоплување и ладење со клима комори и стакло со високосоларен коефициент на трансмисија.

Во соопштението пратено до медиумите, Министерството за финансии не ја спомнува цената на овој објект но според она што беше досега објавувано во медиумиет новата зграда ја чинеше Владата нешто повеќе од 15 милиони долари.

Поврзани новости