Српската црква подигнува обвинение и формира суд против Стефан

by Фокус

Првиот следен чекор на СПЦ, по одлуката да поведе црковно-судска постапка против поглаварот на МПЦ-ОА, поради „останување во раскол и нехристијанско однесување до архиепископот на ПОА Јован“, е подигнување на обвинение и формирање на суд од најмалку 12 епископи за одредување на вината на г.г. Стефан, пишува српскиот весник „Вечерње новости“.

Доколку тој не се појави на судењето, според праксата на црковните судови, која е различна од онаа на цивилните, се смета дека ја признал вината и ќе биде осуден во отсуство, при што најтешката казна која може да биде изречена е расчинување или исклучување од црковната заедница.

Доколку тоа се случи, тој автоматски ќе биде трајно лишен од правото да преговара со српската црква за црковниот спор што го имаат црквите на двете соседни држави, кој се чини дека дополнително го компликува ваквиот рзвој на настаните.

Инаку, поглаварот на македонската црква испратил писмо до православните владици, во кое вели дека Јован е во затвор зашто сторил кривично дело, а притоа немал ниту доблест да се покае.

Поврзани новости