Прваче од Кавадарци позитивно на Ковид-19, одделението оди во изолација

by fokus

По вчерашната рекордна бројка на 54 позитивни случаи во Тиквешијата, денес од Центар за јавно здравје Кавадарци информираат за помал број на новорегистрирани пациенти, инфицирани со корона вирус. Во Росоман има два нови случаи, а во Кавадарци десет.

Помеѓу нив има и прваче на возраст од шест години, а 13 деца од неговото одделение и три наставнички одат во изолација.

-Сите мерки се преземени, извршена е дезинфекција и анкетни разговори со родителите и наставниците. Децата остануваат во домашна изолација, засега немаат симптоми – појаснуваат од центарот.

Според последните информации од МЗ, во Кавадарци има 151 активен случај, а во Неготино 48. Во текот на денот се очекуваат уште резултати.

Вики Клинчарова

Поврзани новости