Мицкоски: Ако биде прифатено дека Делчев по нација е Бугарин тоа ќе значи сериозен удар врз државата!

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од протестот пред Собранието порача дека недозволиво е да се прифатат предлозите на Бугарија за решавање на отворените историски прашања.

-Ако биде прифатено дека Гоце Делчев во регионална смисла е Македонец а по нација Бугарин, нашиот јазик е лингвистичка форма на бугарскиот, тоа ќе значи асимилација на македонската нација и сериозен удар врз државата, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека ако се случи тоа идната влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ, таквиот договор ќе го поништи и никогаш нема да го почитува.

Мицкоски во својот говор додаде и дека денеска имаме држава, ама немаме слобода.

-Тврдината што ја правеа револуционерите, СДСМ денеска ја руши таа тврдина парче по парче, рече Мицкоски.

Тој зборуваше за справувањето на власта со коронакризата, но и корупцијата во власта.

– Имаме работа со влада за која магарињата се поскапи од човечките живот. Не е само Лидија Димова одговорна за магарешките работи на Зоран Заев. Власта е во фаза на византиска пропаст, бидејќи во неа е се фиктивно како што е фиктивен часовникот – рече Мицкоски.

Поврзани новости