Лидерите на опозициските Обединети за Македонија и ВМРО-Народна партија, Љубе Бошкоски и Љубчо Георгиевски, денеска оддржаа прва средба после цели 8 години, потврди Бошкоски за Фокус.
Тој посочува дека денес попладне треба да заседаваат највисоките партиски тела на двете партии (Централното претседателство на ОМ и извршниот комитет на НП), кои, според него, треба да го верификуваат договорот меѓу партиските лидери.
-Мислам дека и во ВМРО-НП нема да има никаков проблем и сметам дека сме многу близy до конечна договор за соработка – изјави Бошкоски.
Инаку, нивната соработка треба да претставува меѓуфаза во процесот на формирање на поширока опозициска деснопрофилирана коалиција за претстојните декемвриски парламентарни избори.
Во рамки на оваа коалиција веќе изразија подготвеност да учествуваат Демократски сојуз на Павле Трајанов, ФРОДЕМ на Јове Кекеновски, Достоинство на Стојанче Ангелов…
В.С.