Испари службеното возило на македонската амбасада во Мадрид

by fokus 15:33
15:33

Македонската амбасада во Мадрид остана без службено возило. Автомобилот, како што дознава Фокус, исчезнал од паркингот на зградата каде што е сместена амбасадата, пред речиси една недела.

Детали за случајот побаравме од амбасадата во Мадрид, но службено лице ни јави дека надлежната – Тина Џеповска, в.д амбасадор на Република Македонија во Шпанија е на пат. И покрај настојувањата да добиеме објаснување за настанот, во МНР не одговараа на нашите повици. Нема сознанија дали возилото е пријавено за украдено во полиција.

- Advertisements -

Неофицијално се дознава дека службеното возило скришум било земено за приватни цели -вработен во амбасадата го зел без да пријави и со него тргнал кон Македонија на неколкудневна прошетка.

 

 

Поврзани новости