Заев најави модерен студентски град во Скопје

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во дворот на градската библиотека во Скопје се сретна со младите и најави две мерки за младите. Едната е изградба на студентски град во Скопје, а другата студентската картичка за користењето на јавните услуги.

-Денеска ја претставивме мерката за студентскиот град во Скопје со модерни архитектонски решенија за студентските домови, со инкорпорирани фитнес сали, кино сали, библиотеки, ресторани, и сето она што е од интерес на нашите студенти, воведувањето на бесплатниот интернет во студентските домови, но истовремено и студентската картичка за користењето на јавните услуги, како што е и превозот од самите студенти, изјави Заев.

Тој рече дека со младите разговарал и за младинската гаранција и директно помагање од страна на државата за нивното тренирање или практично подготвување за влегување во работа во првите 6 месеци после завршувањето на образовниот процес.

Поврзани новости