593
Египет го потврди првиот случај на заразен со новиот коронавирус и нагласија дека станува збор за странски државјанин, сместен во изолација во болница.
Министерството за здравство соопшти дека веднаш ја известило Светската здравствена организација и ги презема сите неопходни мерки.
Националноста на заразеното лице и други детали не се дадени, освен тоа што заразеното лице е во стабилна состојба.
Тоа е прв случај на новиот коронавирус на африканскиот континент. Експертите и африканските лидери изразија загриженост дека вирусот, доколку се шири таму, може да предизвика хаос во помалку развиените земји со помалку здравствени ресурси.