Димовски: Не Мизрахи, туку Спасовски го има прекршено Преспанскиот договор

by fokus

Пратеникот Илија Димовски побара разрешувањето на Рашела Мизрахи да се симне од дневен ред, бидејќи, како што вели, таа го нема прекршено Преспанскиот договор.

-Мизрахи го нема прекршено Преспанскиот договор. Спасовски го има прекрешено Договорот и тоа во полза на Грција. Договорот вели: сите материјали  и документи ќе се усогласат со новото име кога ќе биде отворено соодветното поглавје во преговорите со Европската унија. Поглавјето за труд и социјала не е отворено.
Вие Спасовски го имате прекршено Преспанскиот договор и тоа во полза на Грција. Ниту поглавјето за внатрешни работи не е отворено, а вие издавате документи со новото име. Затоа предлагам разрешувањето на Мизрахи да се симне од дневен ред, и вие Спасовски да си поднесете оставка поради прекршување на Преспанскиот договор и тоа на штета на својата земја, рече Димовски.

Поврзани новости