Џафери даде пауза, немаше доволно пратеници за гласање: Кај сте сега колеги фејсбукмејкери?

by fokus

Откако заврши расправата за законот за јавно обвинителство и требаше да се премине на гласање, немаше доволно пратеници во салата. Спикерот Џафери ја прекина седницата и даде пауза од еден час.

-Видете која е иронијата починтувани колеги фејбукмејкери. Ме ставивте вчера во топовско место ја почнав седницата во 22 часот. Денеска 21:15 завршува расправата и кај сте сега? Сега објавувам пауза од еден час за координаторите од мнозинството да ми кажат кога да продолжам со седницата, рече Џафери.

Во 22 часот ќе продолжи наредната седница на чиј дневен ред се другите закони.

Поврзани новости