Во Словенија е потврден првиот случај на омикрон варијантата на коронавирус, а трендот на смирување на епидемијата е забавен минатата недела.
„Секвенционирањето го откри првото лице заразено со омикрон, варијанта на вирусот што се шири побрзо и е веќе присутен во многу земји од ЕУ, потврди денеска премиерот Јанез Јанша за време на говорот во Парламентот пред редовната седница.
Во Словенија продолжува трендот на ублажување на епидемиолошката состојба во четвртиот бран на епидемијата, но министерот за здравство Јанез Поклукар предупредува дека минатонеделните резултати покажуваат дека трендот донекаде е забавен и затоа не треба да се очекува олабавување на пандемиските мерки на краток рок.
Во последните 24 часа во земјата се потврдени 1.712 новозаразени лица, соопшти Националниот институт за јавно здравје.