Во првиот телефонски разговор што денеска го објави лиредот на СДСМ, Зоран Заев, премиерот Никола Груевски и министерот Миле Јанакиески зборуваат за некое купување на земјиште, за кое мора да се направи промена на ГУП и ДУП, за што велат дека ќе среди градоначалникот Коце Трајановски.
Јанакиески: Значи мора промена на ГУП, па ДУП. Шо вака че одземи доста време.
Груевски: Аа, ах. А сега у оваа фаза не може ГУП да се смени?
Јанакиески: Па ГУП нели Коце го менува тоа, некаде крај на октомври че фати.
Груевски: Добро бе, ако ми е тоа решение, јас ќе си искомбинирам, сфаќаш?
Јанакиески: Со тоа…не е лошо да ми кажите колку, па …ја вака, овие што се помоќните ќе му кажам дека некој ми кажал, без да навлегувам многу.
Потоа разговорот продолжува за цената на земјиштето, од кој може да се заклучи дека истото вреди 400 евра од квадрат, со вклучени комуналии и проект.
Јанакиески: Мислам дека е објективна таа цена, за тоа место. Ќе терам јас паралелно и со другото.
Груевски: Терај. Терај го ти другото и терај го ова, ако искочи нешто супер.
Јанакиески: Да де, и двете да.
Груевски: Јас сеа мислам комбинација како да не ја пропуштам таа шанса. Најверојатно ќе направам некоја комбинација, ќе ми дадат рок таму за тоа второто. Подолг рок за да се…сега да не зборам вака директно…
Јанакиески: Да де, океј.