Втор разговор (Мијалков-Урко): Функционери со комбе разгледувале згради?!

by Фокус 13:20
13:20

Вториот прислушуван разговор кој го објави СДСМ, е наводно помеѓу првиот човек на УБК, Сашо Мијалков и Дејан М. Урко.

Мијалков: Друго шо има ново?

- Advertising -

Урко: Нема ништо. Еве тука сме, уште од сабајле по дождот, со комбињата шетаме по Скопје со човекот, и уште едно десет луѓе, вака, функционериве овие.

Мијалков: Кај шетате бе?

Урко: Па, по населби.

Мијалков: За што?

Урко: Разгледуваат.

Мијалков: Разгледуваат, што?

Урко: Па разгледуваат ова…згради-мади, такви места, такви работи.

Мијалков: Аха. Ммм, добро, океј. Ајде.

Урко: Важи.

Мијалков: Ајде.

Поврзани новости