718
Покрај телефонските разговори, Томислав Тунтев објави и смс-комуникација меѓу првата полицајка Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер. Таа му испраќа порака на шефот на кабинет, каде што му вели дека соработката со такви типчиња ќе им се удри од глава и дека таа тоа го почувствувала на своја кожа.
Тој и враќа: „ Ќе се смееш да знаеш со каки египѓани, цигани, фараони си имам работа. Но, најважно е да ги згазиме“
Последните телефонски разговори беа помеѓу министерката Јанкулоска и Протугер во кои зборуваат за апсењето на поранешениот градоначлник на Охрид, Александар Петрески.
„На кога ќе му се закачиме, нема бегање“ – истакнува Јанкулоска.