Тунтев: ВМРО со параполициски структури го победи СДСМ во Охрид на локалните избори

by Фокус 13:30
13:30

ВМРО-ДПМНЕ ги ставило сите институции во функција на партијата за локалните избори во 2013 година по секоја цена да се освои Охрид, па дури и формирала параполициски екипи, рече претседателскот на охридксиот комитет на СДСМ, Томислав Тунтев.

Најавувајќи го третиот сет на разговори, тој истакна дека Мартин Протогер со шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, договорил параполициски структури за Охрид, сочинети од полицајци кои тогашниот прв човек на јавната безбедност, Љупчо Тодоровски – Радникот, ги ослободил од редовните обврски.

- Advertisements -

Како што додаде Тунтев, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, иако не се согласува со тоа, и ангажираните полицајци ги нарекува „бараби“, сепак, не прави ништо за да го спречи насилството, туку напротив, ги штити овие луѓе.

На крајот, според првиот човек на социјалдемократите во овој град, Протогер го замолува министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, да пренесе заканувачка порака до градежното претпријатие „Илинден“, за да престане да асвалтира улици во Охрид.

Поврзани новости