Протоколи за музеите и галериите и измените за редовна работа на обложувалниците и хотелите

by fokus

Владата ги донесе измените на протоколите за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза) и за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).

Исто така донесени се и протоколите со кои се уредува работата на музеите, галериите и изложбени простори, за организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, и за работа на танцовите и балетските клубови.

Во соопштението од владината седница се истакнува дека се донесени и протоколите за вршење на меѓуградски превоз, и Препораки и упатства за спречување на ширење на ковид-19, при влез на македонски и странски државјани во земјава.

Поврзани новости