Собранието денеска експресно ги изгласа во прво читање предлог законите кои треба да ги олеснат условите околу изградбата на коридот 8 и коридор 10д од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“. Но овие предлог закони не добија поддршка од сите пратеници на парламентарното мнозинство. За гласаа пратениците на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, а против или воздржани беа петмина пратеници од помалите коалициски партнери, како ЛДП и ДОМ.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата пред гласање, како што претходно најавија. Нивните места во собраниската сала беа празни.
Осумте закони кои сега треба да го поминат второто читање во Собрание, предвидуваат ослободување од ДДВ за конзорциумот, полесна експропријација, но и овозможување работниците да работат во недела и да работат повеќе од осум часа, за што реагираа синдикатите и здруженијата за работнички права.