661
Иницијативата „Плоштад Слобода” го откажа протестот кој требаше да се одржи вечерва пред седиштето на општината Град Скопје.
Протестот е откажан бидејќи претходно била најавена хуманитарната изложба за жртвите во невремето, која ќе се одржи вечерва 20 часот во Концепт 37.
Од Иницијативата ги повикаа граѓаните да ја посетат изложбата, а дали протестот е целосно откажан или ќе биде презакажан за друг ден, велат дека дополнително ќе ја информираат јавноста.
Тие вчеравечер повикуваа на протест за поддршка на жртвите и раселените од скопските поплави, но и на протест на кој што ќе се бара одговорност.