Ново невреме неделава, најавува УХМР

by fokus

Од четврток попладне и в петок повторно се најавува невреме со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер.

УХМР информира дека в четврток попладне и в петок Македонија ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса од север која ќе предизвика пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер. Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме.

В петок преку денот ќе дува засилен до силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот.

Инаку, за саботното катастрофално невреме што го зафати скопско, од УХМР велат дека било со веројатност на појавување еднаш на илјада години. Сепак од таму не го предвидија невремето, па на последната временска прогноза, неколку часа пред бурата, од УХМР не дадоа никакво предупредување за невреме што подоцна ќе направи хаос во скопскиот регион и ќе земе 22 жртви.

Поврзани новости