ВМРО-ДПМНЕ: Напаѓачот во Сингелиќ е провокатор од СДСМ

by fokus

Од владејачката партија се огласија со рекација по денешниот инцидент во поплавеното село Сингелиќ, каде еден волонтер физички беше нападнат пред Никола Груевски, бидејќи го критикувал и барал одговорност за поплавите.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека лицето кое се гледа на снимката како удира со тупаници по активистот, не е член на партијата ниту дел од тимот на Груевски.

„Се работи за човек кој е дел од локално население, каде мнозинството се етнички албанци на кои им се помага во расчистување на последиците од невремето. Снимката е доказ дека локалното население е револтирано и ги отфрла уфрлените провокатори од СДСМ и нивните привезоци, кои свесно и намерно имаат за цел, наместо да помагаат да предизвикуваат инциденти“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Поврзани новости