Протестот тргна кон Собрание: Фашизам никогаш повеќе!

by Фокус

Со анти-фашистички знамиња и пароли, голем број демонстранти и вечерва тргнаа на демонстративен марш од пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

Со транспаренти „Фашизам никогаш повеќе“, и  „Каде што има моќ има и отпор“, граѓаните се упатија кон Собранието на Република Македонија.  Се уште не се знае како ќе се одвива рутата на протестот.

Фокус на вечерашниот протест од „Шарената револуција“ која трае веќе пет недели е победата над фашизмот и фашистичките елементи во македонското општество.

13141136_10209417796146824_1449343303_n (1)13162222_10209417835107798_1799498018_n

Поврзани новости