НОВА: Панама документи – Орце Камчев сопственик на офшор фирма

by Фокус 17:47
17:47

-Јордан (Орце) Камчев, контроверзен бизнисмен близок до круговите на владејачката партија, долго време се сомничи дека користи офшор компании за да го сокрие своето богатење преку зделки и бизниси овозможени од владата. Документите од Панама за прв пат овозможуваат доказ за негово директно сопствеништво во една таква компанија – „Десимарг Лимитед“ основана на Бахамите, пишува Нова ТВ.

Порталот објави дека компанијата е основана на 3 јануари 2014 година, од фирмата „Консулко“, а во јули 2015 година веќе е почната ликвидациска постапка за неа.

- Advertisements -

„Не е познато за какви цели е користена компанијата „Десимарг лимитед“, но во еден дел од електронската преписка со „Монсак Фонсека“, тие ја споменуваат Македонија. Од „Консалко“ бараат низа документи што се неопходни за да се ликвидира „Десимарг лимитед“, а кои ги бара бахамскиот регистер и меѓу кои е и листата со активности што компанијата ги вршела во Македонија. Од истиот меил дознаваме дека сметководствените податоци за „Десимарг лимитед“ се чуваат во Никозија, Кипар“, пишува „Нова.

Во документ од 9-ти јули, во изјава која Камчев ја дава лично како ликвидатор, пишува „Јас, како единствен сопственик на Десимарг Лимитед“.

Документите од Панама го нудат првиот доказ дека работењето во офшор не е никаква непознаница за Јордан Камчев. Целата сторија на НОВА можете да ја прочитате тука.

Поврзани новости