Протестот на лозарите го помести ликовниот спектакл на турскиот уметник Чебриалоглу

by Fokus

Протестот на лозарите во Кавадарци поради ниските откупни цени на грозјето го премести ликовниот перформанс на турскиот уметник Орхан Чебриалоглу.

Спектаклот на еден од најголемите турски уметници беше најавен со почеток од 18.30 часот на градскиот плоштад, но организаторот добил известување дека после 18 часот на плоштадот е закажан протетстот. Затоа, ликовниот перформанс ќе се случувал на друга локација, во малиот парк наспроти Полициската Станица во градот.

Информацијата за менувањето на локацијата поради протестот ни ја потврдија и од Дом на култура ,,Иван Мазов – Климе’’ Кавадарци кои се организатори на настанот, во склоп на Меѓународната ликовна колонија ,,Кавадарци Михајлово 2018’’.

Вчера претседателот на регионалното здружение ,,Напредни лозари’’ Трајче Кулев ги повика лозарите на собир, на кој ќе се договорат термини за протести, односно најави блокирање на регионални и магистрални патишта поради ниската откупна цена на грозјето.

Вики Клинчарова

Поврзани новости