Протестниот маршт стаса пред канцеларијата на Иванов

by Фокус

Протесниот маршт против одлуката на Уставниот суд претседателот на државата да помилува осуденици за изборен криминал, што се очекува да биде донесена утре, стаса токму до канцеларијата на Ѓорге Иванов на Рекорд.

Дел од протестантите, кои извикуваат „Нема правда нема мир“, залепија исечоци од интервјуто на Иванов за Билд, во кое ја прекорува Европската унија за третманот на државата во однос на мигрантите.

Инаку, маршот, преку собранието, треба да заврши пред Уставниот суд, каде веќе кампуваат контрапротестанти кои велат дека сакаашт да ги заштитат институциите на државата.

Поврзани новости