Протестантите стигнаа пред собранието

by Фокус

„Оставка“, „Убијци“, „Одете си“… – ова го извикуваат протестантите против можноста претседателот на државата да помилува осуденици за изборен криминал, кои моментално се пред собранието, од каде треба да заминат пред Уставниот суд.

А, таму веќе кампуваат контрапротестанти организирани од власта, кои велат дека сакаат да ги одбранат институциите на државата, па затоа постојат стравувања дека може да дојде до судир меѓу двете страни.

Утсваниот суд утре треба да ја врати можноста шефот на државата да сторители на кривични дела против изборите, против меѓународното право и педофили, што стана актуелно откако Специјалното јавно обивнителство започна да ги гони екс министрите Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и други високи владини функциони за изборен криминал.

Поврзани новости