Граѓаните се собираат пред владата во знак на протест против амнестијата на изборен криминал

by Фокус

Граѓани почнаа да се собираат пред владината зграда, на најавениот протестен марш во организација на граѓанската иницијатива АЈДЕ!, а поддржан и од опозицијата на чело со СДСМ, под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“, против очекуваната одлука на Судот да му се овозможи на претседателот на државата Ѓорге Иванов да помилува осуденици за изборни измами.

Планирано е протестот да продолжи токму покрај канцеларијата на претседателот Иванов на Рекорд, па преку Собранието да заврши пред зградата на Уставниот суд, каде се предвидува да има ноќно „бдеење“ во пресрет на утрешната седница, која судот во последен момент ја затвори за јавност.

Сепак, уште од денеска напладне просторот околу судот го запоседнаа граѓани кои се појавија на контра-проест, повикани од ГРОМ на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, кој е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Поврзани новости