Пред седиштето на СЈО во Скопје најверојатно и вечерва ќе почне протест на граѓаните што се противат на одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни.
Граѓанската иницијатива Протестирам / Нема правда – нема мир, бара повлекување на аболицијата но има и низа други барања:
– Оставка на Претседателот на Републиката поради срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболицира криминалците;
– Отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори и која ќе го помогне, наместо да го саботира соочувањето со правдата на политичарите и властодршците за сторените кривични и криминални дела;
– Конечно, бараме итно суспендирање на отпочнатиот процес на распишување на парламентарни избори, напишаа од граѓанската иницијатива.
Вчера беа распишани избори на 5 јуни, а ДИК безпретседателот и членовите на ДИК донесе одлука дека изборите се можни и дека ќе се обезбедат сите неопходни услови.