Спасовски, министер без ингеренции

by Фокус 10:05
10:05

Владата повторно му ги одзеде сите ингеренции на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Ваквата одлука според СДСМ била донесена на итна седница на Владата.

- Advertising -

Оваа одлука ги укинува двата правилници кои Спасовски ги донесе минатиот понеделник, односно на 11-ти април, затоа што Владата смета дека се поврзани со избори, а немале потпис од дополнителниот заменик министер Митко Чавков.

Одлуката предвидува забрана за министерот Оливер Спасовски да донесе било каква одлука за правни, финансиски или кадровски решенија без претходно истите да имаат потпис од Чавков, а Владата забрани носење решенија и спротивно на системот на кариера односно спротивни страни на класификацијата на работните места утврдени со Законот за внатрешни работи.

Заев вчера за 24 вести изјави дека веќе нема никаква смисла одењето на министрите на СДСМ во Владата, затоа што тие не можат ништо да направат.

Поврзани новости