Протестираа против промена на името, ама побараа и предвремени избори

by fokus

На денешниот протест организиран против промена на името на Македонија, говорниците порачаа дека прашањата за името, за идентитетот, за Уставот, за јазикот, се прашања за кои мора да се има став оти тие создавале немир.

– Бараме да ги прекинете преговорите со посредство на Метју Нимиц и да се обратите до Генералното собрание на ОН, како единствена меѓународна истанца во која Република Македонија е рамноправна членка со сите држави кои ја признаваат под уставното име. Да се стави крај на употребата на референцата и да се донесе резолуција на Генералното собрание на ОН со која на Република Македонија би и се гарантирал непречен прием во меѓународни организации под уставното име, рече актерката Камка Тоциновски, која е поддржувач на движењето.

Учесниците на протестот побараа и предвремени парламентарни избори.

– Бараме организирање предвремени парламентарни избори на кои и на македонските граѓани од дијаспората ќе им биде овозможено да бидат претставени според принципот на пропорционалност, рече актерот Страшо Милошевски.

 

 

Поврзани новости