Повеќе од еден милион Американци маршираа на улиците низ повеќе земји во САД, ден по инаугурацијата на Доналд Трамп. Во оваа бројка не се вклучени и стотиците илјади жени кои беа дел од „Женскиот марш” во Вашингон, пишува Си-Ен-Ен.
На главниот марш во Вашингтон имаше над 500 000 луѓе. Тука, меѓу останатите се обратија и активистиката за човекови права Анџела Дејвис, пејачката Кејти Пери, филмскиот режисер и продуцент Мајкл Мур и актерките Ешли Џад и Скарлет Јохансон.
Пред присутните говореше и познатата поп пејачка Мадона, која со своето присуство ги изненади демонстрантите и беше дочекана со овации.
-Бесна сум , затоа што овојпат злото победи на изборите. Да, многу размислував да ја разнесам Белата куќа. но, тоа нема ништо да промени. Затоа, не смееме да паднеме во очај- порача рече Мадона во својот провокативен говор.